• четврток, 26 декември 2024

Македонската кајакарска репрезентација замина на Светското првенство во Шпанија

Македонската кајакарска репрезентација замина на Светското првенство во Шпанија

Велес, 8 август 2024 (МИА) - Македонската репрезентација во кајак спуст составена од четири натпреварувачи, Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, денес заминаа на Светското првенство во Шпанија.

Македонски кајакарски репрезентативци од 14 - 18 август ќе се натпреваруваат во индивидуални и тимски натпревари на светското сениорско и мастерс првенство во кајак спуст во градот Саберо, Шпанија,информира за МИА,Љубомир Спасиќ.

Воедно потсетува дека на оваа патека во 2021 година се одржа Европското сениорско првенство каде најзабележитен резултат беше 6. место во тимскиот настап постигнат од страна на Спасиќ, Небиовски и Златаров.

- Имавме напорни подготовки и очекуваме врвни резултати и да го развиориме македонското знаме во Шпанија, истакна Спасиќ.

Општина Велес пред заминување ги снабди македонските кајакари со нови заштитни шлемови на кои е исцртан општинскиот грб и македонското знаме. ад/зс/

Фото: Арка Борец

Остани поврзан