• четврток, 26 декември 2024

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги почнува подготовките за квалификациите за ЕП 2021

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги почнува подготовките за квалификациите за ЕП 2021
Охрид, 2 ноември 2020 (МИА) – Македонските кошаркарки вечер во Охрид ќе стартуваат со подготовките за квалификацискиот турнир за Европското првенство 2021. Стручниот штаб предвидува 11 тренинзи во наредните денови од престојот во Охрид. Пред селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите избранички се нови два предизвика, и една голема цел. - Наша основна цел, пред сè, да бидеме многу, многу подобри отколку во првиот ФИБА ‘прозорец’. Противниците да почнат да нè респектираат. Што подолго да сме ‘внатре’, во натпреварот, без жолти минути. Да отскокне некој од младите играчи и над се, да го зајакнеме и да го правиме култот на национален тим, посакува Ѓоровиќ. Заминувањето за Летонија е предвидено за 8 ноември. - Би сакал да ја споменам големата желба на репрезентативните кандидатки. Да се подготвиме што е можно подобро за турнирот во Летонија. А исто така да ја искажам пофални зборови за нашата федерација која вложи многу труд за да оформиме најдобар можен состав и да ни организираат вакви подготовки и патување што во време на оваа пандемија не е воопшто лесно, изјави селекторот за веб-страницата на федерацијата. Тој на располагање ќе ги има: Нена Трајчевска, Матеа Николиќ, Ивана Кметовска, Ивона Пејковска, Сандра Лазареска, Драгана Јоловиќ, Сања Адамовска, Јована Петрушевска, Габриела Модева, Марија Димитријевиќ, Цветанка Димова. Согласно со договореното, поради клупски обврски, нешто подоцна на националниот тим ќе се приклучат Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска, додека Американката со македонски пасош, Девана Бонер треба да пристигне во Охрид на 5 ноември. На турнирот во Рига, на 12 ноември, македонската селекција ќе игра против Хрватска,, додека два дена подоцна, за противник ќе ја има Германија. зс/

Остани поврзан