• сабота, 09 ноември 2024

Македонската амбасада во Тирана ги повика заинтересираните да достават пријава за грант од програмата на МНР

Македонската амбасада во Тирана ги повика заинтересираните да достават пријава за грант од програмата на МНР

Дебар, 13 септември 2024 (МИА) - Македонската амбасада во Тирана, ги повика сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, да аплицираат за добивање грант од програмата на македонското министерство за надворешни работи.

Амбасадата на Фејсбук страната ја пренесува објавата на Министерството, како и  проектната пријава со упатството за пополнување.

-Апелираме до сите заинтересирани да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес, за добивање грант, што е во рамки на програма која се однесува на организации, здруженија и поединци кои потекнуваат од редовите на дијаспората. Ваква  програма беше аплицирана и изминатите години и сите оние кои аплицирале во македонската амбасада во Тирана, не се одбиени, рече за МИА, Љуфтим Спахиу, министер советник во амбасадата.

Објаснува дека проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство и паралелно, на e-mail: seat.fejzuli@mfa.gov.mk.

Додава дека доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува по пошта до надлежното дипломатско конзуларно претставништво, во овој случај македонската амбасада во Тирана. Нагласува дека за сè што е потребно може да се јават во амбасадата за помош и соодветни насоки. вт/сст/

 

 

Остани поврзан