• вторник, 12 ноември 2024

Македонската авторка Бужаровска учествува на 19. Саем на книга во Солун

Македонската авторка Бужаровска учествува на 19. Саем на книга во Солун

Атина, 5 мај 2023 (МИА) – Во Солун вчера свечено беше отворен 19. Саем на книгата, на кој учествува и македонската авторка Румена Бужаровска, чија книга е преведена на грчки јазик, јави дописничката на МИА од Атина. 

Организаторите очекуваат дека годинешниот саем ќе биде најголем во историјата, учествуваат над 1.000 грчки и странски автори од 40 земји, 600 изложувачи, а планирани се 580 настани.

Оваа година Саемот на книга има дел посветен на балканските писатели и книжевни преведувачи, кои се сретнаа на панел дискусија и разговараа за литературата, преводите, промоција на литературното творештво итн. На панелот учествуваше и Румена Бужаровска.

В недела, на последниот ден од Саемот ќе биде промовирана и нејзината книга „Мојот маж“, која е преведена на грчки јазик. ср/вг/

 

Фото: ФБ профил на Саемот на книгата

Остани поврзан