• среда, 13 ноември 2024

„Македонија на Европско“, нова песна на дуото „ДНК“

„Македонија на Европско“, нова песна на дуото „ДНК“
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) – Песна посветена на претстојниот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи ширум Европа, објави денеска  популарното музичко дуо „ДНК“. Нумерата насловена „Македонија на Европско“ е илустрирана со видеозапис на кој се појавуваат голем број познати имиња од македонскиот спорт и естраден живот, како и македонските фудбалски репрезентативци, кои на 13 јуни против Австрија во Букурешт го играат дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања. - Им посветивме песна на фудбалерите, кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација, истакна во објавата по повод новата навивачка нумера. Владимир Блажев – Панчо и Андреј Ѓорѓиески од дуото „ДНК“. ег/аа/

Остани поврзан