• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонија до 21 година поразени од Грузија во последниот меч од кавлификациите за ЕП 2025

Македонија до 21 година поразени од Грузија во последниот меч од кавлификациите за ЕП 2025

Кутаиси, 15 октомври 2024 (МИА) - Репрезентативците на Македонија до 21 година беа поразени на гости против Грузија со 2:1 во дуел од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година. 

Избраниците на Драган Канатларовски поведоа со голот Исаки, но Грузија успеа да направи пресврт и со головите на Гордезијани и Ломинадѕе да слават со конечни 2:1.

Македонија го заврши овој квалификацискиот циклус со четири победи и шест порази што беше доволно само за четвртата позиција на табелата со освоени вкупно 12 бодови. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан