Македонија до 21 година го одработи последниот тренинг пред утрешниот дуел со Косово
- Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.
Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ утре го игра првиот од двата контролни натпревари со Косово на стадионот „Фадил Вокри" во Приштина со почеток во 19. часот.
Напаѓачот на Вардар и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Михаил Талевски во пресрет на дуелот со Косово изјави дека имале одлични подготовки, и дека максимално го користат краткото време што го имаа тдо почетокот на квалификацискиот циклус во септември.
- Во склоп на овие јунски подготовки не очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет. Неоспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компакноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет. Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации, изјави Талевски, цитиран од ФФМ.
Вториот контролен натпрева помеѓу Македонија и Косово до 21 се игра на 31. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје, со почеток во 15. часот. дс
Фото: ФФМ