• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонец приведен поради дрога во Србија мора да плати 100.000 динари во хуманитарни цели наместо кривично гонење

Македонец приведен поради дрога во Србија мора да плати 100.000 динари во хуманитарни цели наместо кривично гонење

Белград, 10 април 2025 (МИА) - Државјанин на Северна Македонија (22) е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, јави МИА.

На граничниот премин Прешево, меѓу Северна Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.

По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна. зш/

Остани поврзан