• вторник, 12 ноември 2024

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Македонец и Словенец се под истрага за трговија со дрога во Тетово откако тетовското Основно јавно обвинителство  донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што стои во соопштението од Обвинителството, осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога 100,49 грама кокаин и 3,2 грама хашиш. Дрогата ја пронашле полициски службеници кои го запреле автомобилот на наплатната станица Желино. Дополнуваат дека за двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор заради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена. ар/сп

Остани поврзан