• четврток, 26 декември 2024

Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен

Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен

Лос Анџелес, 14 ноември 2023 (МИА) - Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен.

Макартни (81) откри дека Ленон бил вознемирен околу тоа - како луѓето ќе го паметат по неговата смрт.

- Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го помнат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар, затоа што направи многу за да го докаже тоа, вели Пол.

Тој, на некој начин, му бил „како свештеник“. - Честопати ќе морав да кажам: „'Синко', ти си одличен, не грижи се“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш се чувствуваше подобро, додаде музичкиот ветеран.

Истакна дека, да се работи со Ленон, било одлично поточно - „неверојатно“ искуство. Пол се присети и на мигот кога дознал дека Ленон го убиле, на 8 декември 1980 година пред неговиот стан во Њујорк, САД, на 40-годишна возраст.

- Не можам да најдам зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше многу сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен!, заклучи Макартни.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан