• четврток, 26 декември 2024

„Макавеј“ ја објави „Поетски дефиниции на нештата“ од бугарската поетеса Емилија Авгинова

„Макавеј“ ја објави „Поетски дефиниции на нештата“ од бугарската поетеса Емилија Авгинова
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) – Во поетската едиција на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје од денеска ја има и книгата „Поетски дефиниции на нештата“ од современата бугарскапоетеса Емилија Авгинова. Како што информират од издавачкото друштво, поезијата на Авгинова е целосно упатена коноткривање на поетскиот наратив во сè што нè опкружува и во сè што може да проблесне со онтологијата на своето суштествување. На тој начин, околу 60 песни од книгата на Авгинова ги допираат минорните, дневните и минливите животни драми на човекот, осветлувајќи и озвучувајќи го сопоетска дефиниција. Препевот на книгата од Авгинова на македонски е на Бранко и ВладимирЦветкоски. Авгинова е поетеса, универзитетски професор на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, докажан преведувач на значајни дела од новогрчки јазик и руски јазик и активен истражувач на теми и современи проекти од областа на компаративната и компјутерската лингвистика.свс/са/

Тагови

Остани поврзан