• среда, 25 декември 2024

Мазда бара заем од големите јапонски банки

Мазда бара заем од големите јапонски банки
Токио, 9 мај 2020 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ бара заем во висина од 2,8 милијарди американски долари од најголемите банки во земјата, поради намалената продажба како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-219. Агенцијата Кјодо наведува дека продажбата на автомобили на „Мазда“ во Северна Америка и Европа, нејзините главни пазари, опаднала, а производството во погоните во Јапонија и другите земји е стопирано. Поради пандемијата, „Мазда“ го намали производството за 130.000 возила, што е речиси 10 отсто од годишната продажба. Другите јапонски производители на автомобили, како што се Тојота, Нисан и Митцубиши, исто така побарале помош во вид на заем, пренесува Кјодо. паг/

Остани поврзан