• четврток, 26 декември 2024

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

Париз, 10 мај 2024 (МИА) - Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз.

Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање.

Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област.

Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој е приведен за семејно насилство.

Мажот, чие име не се споменува, е уапсен поради „екстремна суровост“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци“, рече Нунез.

Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот - за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лицаи за намерно насилство со оружје врз службено лице. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 

Остани поврзан