• вторник, 24 декември 2024

Мажите губат повеќе калории при водење љубов

Мажите губат повеќе калории при водење љубов

Лос Анџелес, 6 авгyст 2024 (МИА) - Мажите губат повеќе калории за време на секс отколку жените, изјави Леа Милхајзер, сексолог од Здравствениот центар во Стенфорд, Калифорнија, САД.

Според неа, тоа е затоа што мажите се „поактивни“ за време на сексот. Имено, посилниот пол согорува во просек 101 калорија, а жените согоруваат приближно 69 калории. И други стручњаци се согласуваат со тоа.

- Се разбира, постои разлика меѓу пет минути секс и интензивен секс којшто трае со часови. Сексот е различен за секој човек, и секој пат, изјави Емили Морс за „Њујорк пост“ (New York Post).

Д-р Џејсон Карп се надоврза дека, иако има малку податоци за да се покаже како трошењето калории варира според позата на сексот, тој проценува дека, општо земено - тоа е околу три до четири калории во минута.

- Ако, пак, Вашата цел е да ја подобрите издржливоста во креветот, испробајте различни секс пози, додаде сексологот Џејми Бел.

Се забелува и дека, иако сексот согорува калории, тој не мора да биде добра замена за вежбањето.

- И покрај зголеменото дишење, забрзаниот пулс и поголемиот крвен притисок коишто се јавуваат при сексот, како „еден вид вежбање“, тоа ги нема придобивките за согорување калории како трчањето, возењето велосипед и кревањето тегови, заклучи Карп.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан