• петок, 27 декември 2024

Маженковски: Со мерките на ЦУ за тутунот се зголемуваат приходите во Буџетот, а се овозможува поголема заштита на здравјето на граѓаните

Маженковски: Со мерките на ЦУ за тутунот се зголемуваат приходите во Буџетот, а се овозможува поголема заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Помошник - директорот на Царинската управа, Анастас Маженковски, на денешната панел дискусија на тема „Даночење на тутунските производи“, која се одржа во рамките на настанот во организацијата на Светска банка, нагласи дека воспоставениот календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи, новиот систем за следење и контрола на тутунските производи, како и акциите коишто ги спроведува Секторот за контрола и истраги при Царинската управа ја сузбиваат нелегалната трговија со тутунот.

 - Воспоставениот календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи, новиот систем за следење и контрола на тутунските производи, но и акциите коишто ги спроведува Секторот за контрола и истраги при Царинската управа ефикасно ја сузбиваат нелегалната трговија со тутун, ги зголемуваат приходите во Буџетот, а воедно овозможуваат поголема заштита на здравјето на граѓаните. Активностите и политиките на Царинската управа, се значајна алка во спроведување на здравствените даночни реформи, истакна Маженковски.

Тој потенцираше дека од моментот на воспоставување календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи во 2013 година до 2022 година потрошувачката на цигари е намалена за една третина, а истовремено приходите од акциза за тутунски производи е зголемена за 61 процент.

Во однос на новиот систем за следење и контрола Track&Trace што ќе се имплементира од страна на управата, Маженковски вели дека истиот ќе придонесе за елиминирање на недозволената трговија со тутунските производи преку следење и контрола на тутунските производи во сите фази од негово движење.

Со имплементација на системот, нашата држава како земја кандидат за членство во Европската унија ќе биде чекор понапред во спроведувањето на обврските од Протоколот на СЗО и понатамошното усогласување со законодавството на ЕУ. сан/ир

 

Фото: Царинска управа

Остани поврзан