• понеделник, 23 декември 2024

Мадуро: На двајцата уапсени Американци ќе им се суди во Венецуела

Мадуро: На двајцата уапсени Американци ќе им се суди во Венецуела
Каракас, 6 мај 2020 (МИА) - Венецуела треба да ги суди двајцата Американци, кои се упасени за време на пропаднатиот државен преврат на групата платеници, изјави претседателот Николас Мадуро.

-Тие се затворени, дадоа целосни признанија, фатени се со крвави раце и ќе бидат судени по обвинението на главниот обвинител на републиката, од граѓанки суд во Венецуела. Процесот гарантирано ќе биде праведен, рече Мадуро.

Социјалистичкиот лидер инсистира Американците, Лук Денман и Еран Бери, да бидат „добро третирани и кон нив да има однос со почит“.сд/

Остани поврзан