• вторник, 12 ноември 2024

Мадуро ја блокираше социјалната мрежа Х

Мадуро ја блокираше социјалната мрежа Х

Каракас, 9 август 2024 (МИА) - Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека социјалната мрежа Х е „суспендирана“ на десет дена.

Агенцијата задолжена за телекомуникациите „одлучи да го прекине пристапот до социјалната мрежа Х за период од 10 дена“, рече Мадуро, нагласувајќи дека тоа е на негов предлог.

„Никој нема да ме замолчи, ќе се спротивставам на шпионажата на технолошката империја. Илон Маск е сопственик на Х и ги прекрши сите правила на социјалната мрежа со поттикнување омраза и фашизам“, продолжи Мадуро, кој редовно го обвинува американскиот милијардер за заговор против него.

Претседателот во понеделникот објави дека се откажува од WhatsApp, критикувајќи ја социјалната мрежа, која ја обвини за обид за „криминален кибер-фашистички удар“ по неговите спорни избори.

Националниот изборен совет во петокот, 2 август, ја ратификуваше победата на Мадуро со 52 отсто од гласовите, но не го објави јавно пребројувањето на гласовите и евиденцијата на избирачките места, тврдејќи дека е жртва на хакери.

Според опозицијата, која ги објави записите до кои дошле нејзините категори - чија валидност ја отфрла Мадуро - Едмундо Гонзалес Урутија, кој ја замени забранетата опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, победи на гласовите со 67 отсто од гласовите.

Опозицијата, како и многу набљудувачи, сметаат дека наводите за хакирање имаат за цел да се избегне објавување на извештаи од избирачките места.Тие предупредија и на можно масовно напуштање на земјата од страна на жители на Венецуела доколку Мадуро остане на власт.

Мадуро и властите постојано го обвинуваат Маск дека е вмешан во кибер напад.

Немирите што уследија по објавувањето на победата на актуелниот претседател однесоа 24 животи од 28 јули, според ажурираниот извештај објавен во вторникот од групите за човекови права, вклучително и американскиот огранок на Хјуман рајтс воч.зш/

Остани поврзан