• четврток, 26 декември 2024

Мадона е првата пејачка со топ-10 албуми во пет различни декади во САД

Мадона е првата пејачка со топ-10 албуми во пет различни декади во САД

Лос Анџелес, 2 септември 2022 (МИА) - Поп-ѕвездата Мадона оваа седмица влезе во историјата како првата музичарка која имала топ-10 албуми во САД во пет различни десетлетија.

Ремикс-компилацијата „Finally Enough Love“ се најде на место бр. 8 на овонеделната „Билборд“ листа на албуми. Албумот е достапен во стандардна верзија со 16 нумери и во проширено „Делукс“-издание со 50 песни - што го има на дигиталните стрим-платформи, а може да се купи и во пакувања од три ЦД-а или шест винили. https://www.youtube.com/watch?v=5FtQpv0xk7g Ова е 23-от албум на Мадона што влегол во топ 10 листите во САД. Поп-ѕвездата, која неодамна го прослави својот 64-ти роденден, првпат влезе во топ-10 со првиот албум „Madonna“ во октомври 1984 година. Истата деценија, таа успеа да го направи тоа и со албумите „Like a Virgin“, „True Blue“, „Who's That Girl“ и „Like a Prayer“. Во 90-тите, таа тoa го повтори со уште седум албуми - „I'm Breathless“, „Erotica“, „The Immaculate Collection“, „Bedtime Stories“, „Something to Remember“, „Evita“ и „Ray of Light“. Нејзини шест албуми завршија во првите 10 во првото и уште четири во второто десетлетие на 21. век. Од овие 23 албуми, девет завршија на првото место: „Like a Virgin“ од 1984 година, „True Blue“ - 1986, „Like a Prayer“ - 1989, „Music“ - 2000, „American Life“ - 2003, „Confessions on a Dance Floor“ - 2005, „Hard Candy“ - 2008 „MDNA“ - 2011 и „Madame X“ во 2019 година.  си/

Остани поврзан