• недела, 24 ноември 2024

Мадагаскар повторно погоден од силно невреме, населението евакуирано

Мадагаскар повторно погоден од силно невреме, населението евакуирано
Антананариво, 6 февруари 2022 (МИА) - Невреме со силен ветер го погоди источниот брег на Мадагаскар, а циклонот Батсирај веќе го погоди копното. Циклонот пристигна на копно синоќа околу 20 часот по локално време, а само еден час подоцна се раселени речиси 27.000 луѓе, покажуваат податоците на државната агенција за справување со катастрофи, кои наведуваат дека имало прекини на струја, уништени куќи и искршени дрвја. Ова е втора голема бура што го погоди Мадагаскар за помалку од две недели, а метеоролозите предвидуваат налети на ветер до 250 километри на час и бранови високи до 15 метри, јави Би-Би-Си. Многу жители се евакуирани во засолништа, а локалните власти стравуваат дека лизгањето на земјиштето и поплавите може да остават уште десетици илјади без покрив над главата. Минатиот месец бурата Ана предизвика голем пустош во Мадагаскар, кога загинаа 55 луѓе. паг/  

Остани поврзан