Магнус Карлсен прв светски првак во шах во слободен стил
- Норвежанецот Магнус Карлсен триумфираше на премиерното Светско шаховско првенство во слободен стил кое изминатиот викенд се одржа на балтичкиот брег на Германија.
Хамбург, 16 февруари 2026 (МИА) – Норвежанецот Магнус Карлсен триумфираше на премиерното Светско шаховско првенство во слободен стил кое изминатиот викенд се одржа на балтичкиот брег на Германија.
Во финалето во замокот Вајсенхаус, 35-годишниот Норвежанец го победи Американецот Фабијано Каруана со 2,5:1,5 по одиграните четири партии.
Во шахот во слободен стил, позициите на фигурите од вториот ред се одредуваат со жрепка пред воведниот потег, со што се елиминираат востановените стратегии за отворање и одбрана.
Карлсен за премиерната титула во шах во слободен стил доби парична награда од 100.000 долари.ег
ФОТО: Архива