• среда, 18 декември 2024

Магла со видливост до 50 метри во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец

Магла со видливост до 50 метри во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопштија од АМСМ. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан