• вторник, 20 јануари 2026

Магла на патот Лисец - Попова Шапка

Магла на патот Лисец - Попова Шапка

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Појава на магла и намалена видливост до 40 метри има на патниот правец село Лисец - Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Додаваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан