• сабота, 23 ноември 2024

ЛШ: Сити со прва победа над Реал, Јувентус поразен од Лион

ЛШ: Сити со прва победа над Реал, Јувентус поразен од Лион
Мадрид, 26 февруари 2020 (МИА) - Манчестер Сити направи многу важен чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако го надигра Реал Мадрид со 2-1 на гостувањето на „Бернабеу“. Тоа беше прва победа на „граѓаните“ над шпанскиот гигант во петте натпревари меѓу нив. Избраниците на Пеп Гвардиола промашија многу шанси, а по еден час игра Иско ги запали трибините со убав гол. Британците реагираа силно и со два гола во рок од пет минути дојдоа до пресврт. Во 78-та минута Габриел Жесус ја искористи грешката на Серхио Рамос и изедначи, а во 83-тата Кевин Де Бруин реализираше од пенал. На крајот, Серхио Рамос по цена на втор жолт и автоматски црвен, сопре трет гол за Сити. Така, Британците имаат големапредност пред реваншот на „Етихад“, а Реал Мадрид го продолжуваат со своите променливи настап во последно време. Уште полошо, „кралевите“ ќе влезат со нарушена самодоверба во дербито со Барселона в недела. Јувентус пак одигра трагичен натпревар на гостувањето кај Олимпик Лион во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ и загуби со само 0:1. Единствениот гол на стадионот „Групама“ го постигна Лукас Тусар на средина на првото полувреме. Пред тоа домаќините погодија статива, а во првите 45 минути промашија уште неколку добри шанси. Хегемонот во Италија не создаде ниту една опасна позиција и упати само еден прецизен шут кон противничкиот гол. Тоа бешемногу слаб удар на Кристијано Роналдо со глава, по кој ѕвездата бараше пенал, но неговите претензии беа отфрлени. Реваншот во Торино ќе се игра на 17-ти март.

Тагови

Остани поврзан