• недела, 17 ноември 2024

ЛШ футсал: Украинците го одредија терминот за гостувањето на Шкупи

ЛШ футсал: Украинците го одредија терминот за гостувањето на Шкупи
Запорожје, 12 декември 2020 (МИА) – Македонскиот шампион во футсал, екипата на Шкупи, ќе му гостува на украински Продексим Херсон во шеснаесетфиналето во Лигата на шампиони на 16 јануари, официјално е соопштено денеска. Мечот, како што објави украинскиот првак на својот официјален сајт, ќе се игра без присуство на публика, во салата „Јуност“ во Запорожје со почеток во 13 часот. Шкупи во првото коло славеше во Скопје над првакот на Република Ирска, Блу Меџик Даблин со 2:0. ег/аа/

Остани поврзан