ЛШ: Манчестер сити го совлада ПСЖ во Париз
- Фудбалерите на Манчестер сити се на чекор до пласман во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва со пресврт во вториот дел триумфираа над Пари Сен-Жермен на „Паркот на принцовите“
Париз, 28 април 2021 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер сити се на чекор до пласман во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва со пресврт во вториот дел триумфираа над Пари Сен-Жермен на „Паркот на принцовите“ во Париз со 2:1 (0:1).
Францускиот првак, кој минатата сезона загуби во финалето од Баерн Минхен, дојде во водство преку Маркињос во 15 минута, а до крајот на полувремето пропушти изгледни шанси за гол преку Нејмар и Паредес. На другата страна, Навас не му дозволи на Сити да постигне гол при обидите на Силва и Фоден.
Второто полувреме донесе целосен резултатски пресврт и триумф на англискиот клуб со головите на Де Брујн (64) и Марез (71). ПСЖ го заврши натпреварот со играч помалку, откако Гуеј доби директен црвен картон во 77 минута.
Реваншот се игра на 4 мај во Манчестер, а ден подоцна втората англиската екипа во полуфиналето во ЛШ, Челзи, е домаќин на Реал. Првиот натпревар во Мадрид вчера заврши 1:1.
Финалето е на програмата на 29 мај во Истанбул. ег/зс/