• петок, 27 декември 2024

Луфтханза откажа дополнителни 2.000 летови

Луфтханза откажа дополнителни 2.000 летови
Франкфурт, 13 јули 2022 (МИА) - „Луфтханза“ откажува дополнителни 2.000 летови од Франкфурт и Минхен ова лето, објави денеска водечкиот германски авиопревозник, наведувајќи ги како причина недостигот на персонал на аеродромот, како и тековната пандемија на Ковид-19. „Луфтханза спроведе голем број мерки и вработува дополнителен персонал секаде каде што е можно за да обезбеди најголема можна стабилност на распоредот на летови и на тој начин да им понуди на своите патници најдобра можна безбедност при планирањето“, соопшти компанијата.
„Луфтханза“ објави дека дополнителните откажувања влијаеле на летовите особено во прометните попладневни и вечерни часови. паг/  

Остани поврзан