• недела, 24 ноември 2024

Лундгрен: Во ЕУ сме расположени за проширување, искористете го моментумот

Лундгрен: Во ЕУ сме расположени за проширување, искористете го моментумот

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Не е прашање дали, туку кога и како ќе се случи проширувањето на ЕУ. Шведска се залага за процес заснован на заслуги и силно го поддржуваме напредокот на Северна Македонија на тој пат. За тоа силно се залагаме и во ЕУ како земја - членка. Се надеваме дека ќе постигнете непредок во блиска иднина во однос на преговорите и и ви посакуваме добредојде во членство во ЕУ.  

Ова го истакна потпретседателка на шведскиот Риксдаг Шестин Лундгрен на прес-конференцијата во Собранието по средбата на Управувачката група за демократски развој на шведскиот и македонскиот Парламент одржана заедно со претседавачот од македонска страна Фадил Зендели, а на која присуствува пратениците членови на Групата. Таа особено го потенцира знаечењето на актуелниот моментум кој постои во однос на евроинтеграциите на земјава во контекст на процесот на проширување на ЕУ.

-Денешната дебата за борбата против корупцијата и како да се бориме со неа, беше многу важна за да се осигура дека владеење на правото е високо на агендата. Оти важно е да се осигура дека постои правда за сите, особено за македонските граѓани, а тие се најважни. Она што навистина посакуваме е дека треба да ги имаме предвид и идните генерации кога соработуваме заедно за попросперитетна иднина на нашите граѓани, рече Лундгрен.

На прашањето дали на денешниот состанок станало збор за уставните измени кои се услов земјата да ја продолжи евроинтеграцијата, таа нагласи дека го почитуваат начинот на кој работи нашиот Парламент и не сакаат да се мешаат во внатрешните политички дискусии, при тоа го повтори ставот на Стокхолм за проширувањето и за важноста да се искористи постоечкиот моментум.

-Ние сме тука да дискутираме за тоа како да работиме заедно на прашањата кои се однесуват на мерит системот. Како што истакнав владеењето на правото е многу важно и навистина се надеваме дека сте свесни за тековната ситуација дека ЕУ е отворена за нови кандидати како Украина и Молдавија и дека внатре во ЕУ сме расположени за проширување. Се надеваме дека проширувањето ќе се случи што поскоро и дека ќе ја видиме Северна Македонија како дел од ЕУ, но тоа треба да се случи на база на заслуги, без да се доведуваат на маса нови прашања, нагласи Лундгрен.

Шведскиот пратеник Кенет Форслунд кој има над 20 години искуство во надворешната политика преку неговата работа во Риксдагот, соработката со Собранието ја оцени како една од најуспешните и најинспиративните парламентарни соработки и ја потенцира позицијата на Шведска како земја која традиционално се залага за проширувањето. -Токму оваа соработка има за цел да ви помогнеме во исполнувањето на критериумите за полноправното членство, додаде тој.

Претседавачот на Управувачката група од македонска страна Фадил Зендели на прес - конференцијата во Собранието средбата ја оцени како успешна, а презентираните аспекти од работата на Законодавниот дом и на други сфери од шведското општество за важен придонес за унапредување на нашите демократски капацитети, особено во делот на креирањето на новиот собраниски Деловник покрај активностите на „Жан Моне“ процесот со ЕП.

-Заедничка оценка на сите пратеници е дека темата за антикорупција треба подетално да се анализира. Исто така на секој работен состанок се разговараше за европската интеграција на РСМ и динамиката на овој процес, рече Зендели.

Тој додаде дека шведските пратеници искажале несебична спремност да го пренесат богатото демократско искуство и знаење стекнато низ нивната долга парламентарна традиција и институционална меморија изразувајќи при тоа спремност да се запознаат одблизу со нашето демократско искуство, предизвици и дилеми.   

Законодавната улога на Парламентот, парламентарната администрација, парламентарната процедура, работата на комисиите и на пленарната седница, односот меѓу мнозинството и опозицијата, на пратениците со гласачите, НВО и со медиумите, отвореноста транспарентноста и борбата против корупцијата, парламентарната контрола, родовата еднаквост биле меѓу темите од работата на делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг и на Собранието на Република Северна Македонија.

Соработка меѓу Собранието и Риксдагот се оставрува од 2020 година и е иницирана и фиансирања од шведскиот Парламент, а се осварува преку студиски посети и дебати за важни прашања од парламентарната демократија. Од неодамна соработката се остварува и на ниво на собраниската администарција. вг/ац/

 

Остани поврзан