• среда, 25 декември 2024

Лула да Силва: За 100 дена земјата ќе функционира со нормална брзина

Лула да Силва: За 100 дена земјата ќе функционира со нормална брзина

Бразилија, 12 јануари 2023 (МИА) – Бразилскиот левичарски претседател Луис Игнасио Лула да Силва изјави денеска дека има подготвена политика која во рок од сто дена би довела до тоа земјата повторно да „функционира со нормална брзина“ и им порача на финансиските пазари да не се грижат за Владата на неговата Работничка партија.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владина зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување.

– Победивме на последните избори, но фанатичните поддржувачи на Болсонаро се многу опасни, затоа во иднина мора да бидеме построги и повнимателни, рече Лула и нагласи дека е потребно да се открие кој ги финансира овие дела, односно што ја загрозува бразилската демократија.

Во неделата, приврзаниците на десничарскиот Болсонаро го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, повикувајќи на воен удар за да се поништат изборите во октомври и победата на Лула.

Бразилскиот претседател изјави дека и покрај немилите настани, министерот за одбрана Хозе Мусио ќе остане на функцијата. рп/

Остани поврзан