• сабота, 23 ноември 2024

Лула да Силва: Демократијата во ЕУ е загрозена по успехот на екстремната десница на изборите за ЕП

Лула да Силва: Демократијата во ЕУ е загрозена по успехот на екстремната десница на изборите за ЕП

Женева, 13 јуни 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска оцени дека демократијата во Европа е загрозена, имајќи го предвид успехот на крајната десница на изборите за Европскиот парламент.

„Имаме проблем со демократијата за која знаеме дека е во опасност. Оние кои веруваат во демократијата мора да се борат да ја зачуваат насекаде во светот“, рече Да Силва пред настанот на Меѓународната организација на трудот во Женева.

Во Франција, крајно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен освои повеќе од 31 отсто од гласовите, победувајќи ја партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон, која освои само 14,6 отсто, и го поттикна неговиот изненадувачки потег да распише предвремени парламентарни избори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан