• вторник, 26 ноември 2024

Лула да Силва: Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу Русија и Украина

Лула да Силва: Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу Русија и Украина

Бразилија, 17 септември 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека Бразил ќе остане неутрален по прашањето за војната меѓу Русија и Украина.

Тој посочи дека неговата земја не може да заземе страна во овој конфликт и дека оние кои учествуваат во него и кои сега повикуваат на дијалог со Бразил требало да го сторат тоа порано. „Затоа е важно Бразил да не учествува во војната меѓу Украина и Русија. Затоа е важно Бразил јасно да каже дека сакаме мир, не сакаме војна. Оние кои сега сакаат да разговараат со нас можеа да го сторат тоа пред да започне војната“, рече претседателот на Бразил.

Лула изјави дека Бразил веќе ја осудил руската инвазија, но инсистира на мирно решавање на конфликтот, обидувајќи се да избегне учество во непријателства.

„Го отфрламе масакрот на жени и деца во Палестина. На ист начин го отфрламе тероризмот на Хамас. Но, Бразил се издвојува по една работа: ние сме дел од континентот кој сака мир“, истакна Лула.

Коментарот уследи откако членовите на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски побараа Лула да ја посети Украина и ја критикуваше позицијата на Бразил, која ја смета за проруска. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин го спомена Бразил, заедно со Кина и Индија, како можни посредници за мир. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан