• среда, 25 декември 2024

Лукашенко: Не верувам дека Путин донел војници од Северна Кореја за војната во Украина

Лукашенко: Не верувам дека Путин донел војници од Северна Кореја за војната во Украина

Казањ, 24 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека не верува оти неговиот руски колега Владимир Путин довел севернокорејски војници во Русија на воени вежби, за подоцна да се борат во Украина, нагласувајќи дека таквиот потег би претставувал ескалација.

- Путин, знаејќи го неговиот карактер, никогаш нема да убеди никого да ги принуди вооружените сили на која било земја да се вклучат во конфликтот во Украина. Не верувам во тоа, рече тој во интервју за рускиот сервис на Би-Би-Си во врска со тврдењата на неколку странски влади дека најмалку 3.000 севернокорејски војници се обучуваат во Русија.

Лукашенко, кој учествуваше на Самитот на БРИКС во Казањ, изјави за Би-Би-Си дека Путин, како и други високи руски функционери, никогаш не барале тој да испрати белоруски војници да се борат на страната на Русија во Украина. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан