• недела, 24 ноември 2024

Лукашенко: Западот не успеа да го оттргне Минск од Русија

Лукашенко: Западот не успеа да го оттргне Минск од Русија
Минск, 31 март 2022 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега „оди и чкрта со забите“. „Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. „Тие сега одат и чкртаат со забите“, рече Лукашенко во Минск на состанокот со гувернерот на областа Пенза во Русија, Олег Мелниченко. Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија, за Русија да не може да ги заобиколи. аа/

Остани поврзан