• сабота, 23 ноември 2024

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Минск, 10 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан