• среда, 25 декември 2024

Лукаревска: СДСМ е демократска партија, каде не е грев да се има поинакво мислење

Лукаревска: СДСМ е демократска партија, каде не е грев да се има поинакво мислење

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП Сања Лукаревска во вечерашното гостување во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“ рече дека СДСМ е демократска партија и оти во партијата има капацитет и не се поставува проблем кога некој има поинакво мислење.

-Во СДСМ одлуките се носат од органите на партијата. Пионери сме во она што се нарекува внатрепартиско гласање, рече Лукаревска, која изборот на Ковачевски за претседател на партијата го нарече одраз на демократскиот капацитет.

Таа рече дека во СДСМ не се потпишуваат меници, и ги повика другите партии да имаат ваков демократски капацитет за отворен разговор и критика за да се поправаат грешките.

На прашањето за Ковачевски како лидер на СДСМ, Лукаревска рече дека тој станал премиер во тежок период и се соочил со голем број предизвици. Таа вели дека не сака да се зборува дека некој некому е продолжена рака.

Заменик-претседателката на СДСМ не гледа проблем што поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев се сретнува со лидери на политички партии. Таа истакна дека советите на Заев и на нејзината претходничка Радмила Шекеринска се добредојдени и корисни за СДСМ. ир/хс/

 

Фото: Канал 5

Остани поврзан