• сабота, 23 ноември 2024

Лукаревска од Охрид: „Едно општество за сите“ на СДСМ е концептот што треба да не води напред

Лукаревска од Охрид: „Едно општество за сите“ на СДСМ е концептот што треба да не води напред
Охрид, 8 октомври 2021 (МИА) - „Нашите резултати се грижа за секој човек, зашто пред се треба да останеме луѓе. Луѓе со достоинство, со чесност, со повеќе почитување меѓу себе, со повеќе грижа и сочувство едни за други. Тоа е концептот „Едно општество за сите“ што го гради Социјалдемократскиот сојуз. Тоа е концептот што треба да не води напред, зашто само така се гради почитувана, просперитетна, модерна држава, рече во Охрид заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска. Таа со граѓаните на Охрид разговараше за секојдневието и за нивните очекувања. Лукаревска потсети на проектите што со поддршка на Владата во изминатиот период се реализирани во Охрид, насочени за подобрување на квалитетот на живеењето. Како приоритети таа ја посочи заштитата на Охридското Езеро и на животната средина, но и на вложувања во урбана опрема и во инфраструктура. - Нема веќе тонење, чекориме брзо и храбро зашто знаеме каде одиме. Инвестираме во човечкиот капитал, во човечкото достоинство. Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз ја зголеми минималната плата на 15.200 денари, ќе ја зголемиме повторно, просечната плата ја зголемивме за речиси 5.000 денари, на 28.850 денари, ги зголемивме платите во здравството, во образованието, во детските градинки, во армијата, ги зголемивме и пензиите, социјалната помош, ја намаливме невработеноста на рекордно најниско ниво, парите од граѓаните ги враќаме кај граѓаните. Тоа се може само со многу работа, со искрена посветеност од корен да ги менуваме работите, зашто знаевме дека поинаку нема да може. Граѓаните ќе ги потврдат нашите политики со победата и во Охрид, зашто и овој пат ја имаме најдобрата понуда за Охрид, Константин Георгиески за градоначалник и советничка листа предводена од Науме Јованоски, рече Лукаревска. аб/дма/

Остани поврзан