• сабота, 23 ноември 2024

Лукаревска: На брза лента сме ставени кон европската интеграција

Лукаревска: На брза лента сме ставени кон европската интеграција
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Со ребалнсот предвидовме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, помош за граѓаните и компаниите за намалување на последиците од глобалната енергетска криза, но тука се други мерки кои остануваат да се применуваат и кои се директна поддршка на стандардот на граѓаните, рече вечерва директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. - Одвоивме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, дополнително, три милијарди денари за земјоделството, 2,2 милијарди за мерката МојДДВ, за гарантирана социјална помош, останува мерката за субвенционирање за повисоки плати, зголемена минималната плата, пари за енергетска сиромаштија но мерки за зголемување на енергетската ефикасност и зголемвање на производството на струја. Преку одлука на Владата доделивме уште 50 милиони евра за ЕСМ дополнително да го зголеми производството, рече Лукаревска во Тема на денот на телевизија Сител. Таа додека дека глобалната криза е сериозен предизвик со којшто се соочуваме ние, но и целиот регион. Лукаревска рече дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, со право е најпопуларна мерка и додаде дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните. - Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што допринесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма, рече Лукаревска. Лукаревска порача дека за оваа година имаат највисок план да соберат приходи во вид на даноци. Посочи дека ако правиме споредба со претходната година, имаме за 18,3 проценти повеќе наплата на даноците. Додаде дека има одредени забелешки од компаниите дека имаат проблем со ликвидноста. - На дневна основа следиме како оди процесот на полнење на Буџетот. Онаму каде има проблеми компаниите добиваат известувања. Компаниите имаат свои проблеми, права и обврски во делот на даноците. Се бараат соодветни решенија за да се помогне на кој било даночен обврзник, рече Лукаревска. Таа информира дека 11 посто од комапниите и оваа година и лани немаат исплатено плати во законски предвидениот рок за јуни, а за јули тоа е околу 22 посто. Во однос на уставните измени, Лукаревска смета дека кај сите политички партии има голема волја, свест и самосвест дека друга опција во моментов немаме. - Сега треба да ни се оствари и оваа цел. На брза лента сме ставени кон европската интеграција, но не смееме да скокнеме од неа. Знаеме дека јазикот и историјата се забеторнирани. Убедена сум дека уставните измени ќе поминат во Собранието, вели Лукаревска. мс/аа/  

Остани поврзан