• среда, 25 декември 2024

Лукаревска: Граѓаните да направат разлика меѓу концептот на СДСМ што води по европскиот пат и оној на ВМРО-ДПМНЕ што носи изолација

Лукаревска: Граѓаните да направат разлика меѓу концептот на СДСМ што води по европскиот пат и оној на ВМРО-ДПМНЕ што носи изолација
Кочани, 23 ноември 2022 (МИА) - Потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, што вечерва се одржа во Виница, нагласи дека граѓаните треба да направат разлика меѓу концептот што води по европскиот пат и другиот, што ја носи државата во изолација. Пред присутните во салата на Домот на културата во Виница таа нагласи дека не е време за одржување предвремени парламентарни избори поради тешките околности, не само за нашата држава, регионот и за Европа, туку и за целиот свет, оценувајќи ги заложбите на опозицијата како непатриотски и неодговорни. - За многу краток период донесовме големи државнички одлуки, а клучно е да направиме дистинкција на два концепти - едниот којшто нè води по европскиот пат, другиот е тој што нè води во изолација. Нашиот концепт е повисоки плати, повисоки пензии, а концептот на ВМРО-ДПМНЕ е враќање назад, блокада и уназадување на државата. Нашиот концепт е раст и развој, економски и општествен, а нивниот концепт е „Скопје 2014“. За локалните избори пред една година кажував дека тие нема да бидат историски, но дека ќе имаат историски последици. Виница е доказ за тоа, а така е и во Скопје и во другите градови каде ја имаат локалната власт, истакна Лукаревска. Лукаревска од Виница најави дека мерката „Мој ДДВ“ со која првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните, дополнително ќе се унапреди. - „Мој ДДВ“ е една од најдобро реализираните мерки која дава одличен ефект и затоа оваа мерка дополнително ќе ја надградиме. Обезбедени се средства и веќе од следната година лимитот за поврат на средства наместо досегашните 1800 денари, ќе изнесува 2100 денари за едно тромесечје, односно секој поединец годишно ќе може да оствари поврат од 8400 денари, порача Лукаревска. Заменик претседателката на СДСМ, Лукаревска посочи дека со Предлог буџетот за 2023 година, што веќе е во собраниска процедура, обезбедени се и доволно средства за нов раст на минималната плата, како и за ново зголемување на пензиите, согласно новата методологија. та/сп/

Остани поврзан