• сабота, 06 декември 2025

Луканоски добива шанса за први минути во сениорскиот тим

Луканоски добива шанса за први минути во сениорскиот тим

Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Марко Луканоски ќе биде последниот, 12 играч во ростерот на машката кошаркарска репрезентација за последниот натпревар од претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар.

Селекторот Марјан Илиевски одлучи да ја „зголеми“ висината во ростерот и го вклучи во составот нашиот млад центар. Марко Луканоски добива шанса за први минути во сениорскиот тим

Луканоски, кој беше најдобриот наш играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кое ова лето се играше во Ереван, за прв пат во својата кариера ќе биде во конкуренција за најдобрата селекција. 

Поради повреда, надвор од тимот за дуелот кој се игра вечерва од 19 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, е Адем Мекиќ, недоволно закрепнатиот Марко Миловановиќ, како и Тома Стојаноски, кој ќе бара нови „сениорски минути“ во некој од наредните репрезентативни циклуси. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан