• вторник, 24 декември 2024

Лукановски МВП на финалниот турнир во Гевгелија

Лукановски МВП на финалниот турнир во Гевгелија

Гевгелија, 22 мај 2024 (МИА) – Македонскиот јуниорски репрезентативец Марко Лукановски е МВП на финалниот турнир во Гевгелија за кошаркари до 18 години.

Во мечот за трофејот одигран вчеравечер репрезентативното крило на Вардар дојде до 46 индексни поени!.

Лукановски имаше две одлични изданија, како во полуфиналето така и во мечот за титулата. Доминираше на двете страни од теренот, а финалниот меч, против екипата на Водно Санс, во кој неговата екипa славеше со резултат (106:97), го заврши со ефект од 25 поени, дополнети со 19 скока, но и пет асистенции за 38:46 минути поминати на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија.

Во натпревар за третото место Феникс го победи домаќинот на турнирот, тимот на Кожув со 84:67. зс/

Фото. КФСМ 

Остани поврзан