• четврток, 26 декември 2024

Лојд Остин го повика израелскиот министер за одбрана да разгледа алтернативи за копнената офанзива во Рафа

Лојд Остин го повика израелскиот министер за одбрана да разгледа алтернативи за копнената офанзива во Рафа

Вашингтон, 21 март 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го повика својот израелски колега Јоав Галант да разгледа алтернативи за копнената офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

Пентагон соопшти дека Остин вчера телефонски разговарал со Галант, при што нагласил дека Израел треба да разгледа други опции освен голема копнена операција во Рафа.

Американскиот секретар за одбрана повтори дека итно мора да се преземат дополнителни мерки за заштита на цивилното население и обезбедување на безбедноста на американскиот воен персонал кој гради привремено пристаниште на брегот на Газа. Остин, исто така, се заложи за повеќе можности за транспорт на помош преку копно.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера во видео порака рече дека подготовките за таква офанзива ќе потраат „некое време“. Тој објасни дека му рекол на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор дека не е можно „да се извојува победа без да влезат израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафа за да ги елиминираат остатоците од баталјоните на Хамас“.

Нетанјаху, исто така, повтори дека веќе го одобрил оперативниот план на ИДФ за Рафа. „И наскоро ќе го одобриме и планот за евакуација на цивилното население од борбените зони“, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан