• вторник, 24 декември 2024

Лојд Остин: Американските сили нападнаа седум објекти во Ирак и во Сирија

Лојд Остин: Американските сили нападнаа седум објекти во Ирак и во Сирија

Вашингтон, 2 февруари 2024 (МИА)  -  Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, објави изјава во која потврди дека американските сили извршиле напади врз цели во Ирак и Сирија.

„По нападот врз американските и коалициските сили во североисточен Јордан минатата недела, во кој загинаа тројца американски војници, по наредба на претседателот Бајден, американските воени сили денеска извршија напади врз седум објекти, кои вклучија повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, кои иранскиот исламски Корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) и поврзаните милиции користат за напад врз американските сили.

Ова е почеток на нашиот одговор. Претседателот нареди дополнителни активности врз ИРГЦ и поврзаните милиции одговорни за нивните напади врз американските и коалициските сили. Тие ќе се шират на моменти и места по наш избор.

Ние не бараме конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место, но претседателот и јас нема да толерираме напади врз американските сили. Ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ги одбраниме САД, нашите сили и нашите интереси“. зш/

Остани поврзан