• среда, 25 декември 2024

Лошото време е причина за падот на хеликоптерот во кој загина иранскиот претседател Раиси

Лошото време е причина за падот на хеликоптерот во кој загина иранскиот претседател Раиси

Техеран, 21 август 2024 (МИА) - Хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси во мај годинава, според конзервативните тврдења, била предизвикана од лошите временски услови и неможноста на леталото да го изддржи товарот што го превезувал, соопшти денеска иранската полуприватна агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор запознаен со конечните резултати од истрагата.

Во прелиминарниот извештај на иранската војска за смртоносната хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, што беше објавен во мај, се наведува дека досега не се пронајдени докази за човечка грешка или напад врз леталото, пренесуваат британските медиуми.

„Истрагата за падот на хеликоптерот на ајатолахот Раиси е завршена и утврдено е дека се работи за несреќен случај“, изјави извор од безбедносните сили на агенцијата Фарс.

Утврдени се две причини за несреќата: временските услови кои не биле соодветни и несоодветната тежина на товарот што го превезувало леталото, што довело до пад во планината, додаде изворот на агенцијата Фарс.

Истрагата утврдила дека хеликоптерот превезувал двајца патници повеќе од бројот на патници пропишан со безбедносниот протокол.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан