• петок, 27 септември 2024

Лоши вести за Манчестер Сити по ремито меѓу Холандија и Германија

Лоши вести за Манчестер Сити по ремито меѓу Холандија и Германија

Амстердам, 11 септември 2024 (МИА) - Лоша вест за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити стигна од ремито на Холандија со Германија (2:2) доцна синоќа.

Централниот дефанзивец Нејтан Аке заработи тешка повреда непосредно пред паузата кога падна на земја и не можеше да стане. Тој беше однесен на носилки и потоа заменет од Јуриен Тимбер. Се уште не е познато колку долго дефанзивецот ќе отсуствува, бидејќи се очекува да помине целосни медицински прегледи подоцна денеска, но првичните прогнози покажуваат дека би можел да пропушти околу еден месец.

Аке беше еден од главните столбови на одбраната на Манчестер Сити минатата година кога забележа 44 настапи со 3 гола и 2 асистенции. Од почетокот на оваа сезона, сепак, Гвардиола многу помалку му верува и досега му даде само еден натпревар во Премиер лигата како замена. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан