• четврток, 26 декември 2024

Лорис одби да се пресели во Лацио

Лорис одби да се пресели во Лацио

Лондон, 19 август 2023 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, нема да се пресели во Лацио, бидејќи сака да биде број еден во својот нов тим, тврди „L'Equipe“.

 

Триесет и шестгодишниот Французин ги прекина преговорите со римскиот клуб кој веќе се договорил со Тотенхем за негов трансфер. 

 

Поранешниот голман на Франција не е подготвен да се пресели во тим каде што нема да има гаранции за минутажа.

 

Лорис е во Тотенхем од 2012 година. Неговиот договор со Спарс е до крајот на сезоната 2023/24. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан