• недела, 29 декември 2024

Лорд Робертсон до Мицкоски: Сигурен сум дека ќе го водите ВМРО-ДПМНЕ со заедничка национална цел

Лорд Робертсон до Мицкоски: Сигурен сум дека ќе го водите ВМРО-ДПМНЕ со заедничка национална цел
30 март 2020 До г-дин Христијан Мицкоски Од лорд Робертсон од Порт Елен Почитуван г. Мицкоски Кога ја создадовме Охридската група за да и помогнеме на Македонија да стане Северна Македонија и да создадеме можност земјата да стане членка на НАТО и на крајот членка на ЕУ, рековме, како што Ви кажав кога се сретнавме во Скопје во септември 2018 година, дека ние постоевме за да и помогнеме на целата земја, а не само на сегашната влада. Сакам да ја повторам таа порака и истовремено да ви честитам, како лидер на втората партија во Северна Македонија, за аболицијата на ПЈРМ и за исполнувањето на амбициите што ги имаше вашиот починат и драго запаметен претседател, Борис Трајковски. Претседателот Трајковски беше секако член на ВМРО-ДПМНЕ и добро се присетувам на неговиот сон неговата земја да влезе во европските теков со полноправно членство во Атлантската алијанса и во Европската унија. Тој денес би бил многу горд. Сега, кога вашата земја стана полноправна членка на НАТО и штотуку го започна процесот на членство во ЕУ, соништата на тој истакнат член на вашата партија станаа реалност. Затоа, се надевам дека сега ќе прогласите успех на овој процес и ќе го прифатите со ентузијазам на претстојните избори. Вашата земја започна нов и историски курс. Од клучно значење е сите во Северна Македонија да се справат со предизвиците што претстојат и да го одржуваат чувството за заедничка национална цел со која е постигна сегашната успешна позиција. Во духот на Борис Трајковски, сигурен сум дека ќе го водите ВМРО-ДПМНЕ со заедничка национална цел. Со почит, лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО Охридска група ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан