• недела, 28 јули 2024

Лопетеги би можел да стане нов тренер на Манчестер јунајтед

Лопетеги би можел да стане нов тренер на Манчестер јунајтед

Мадрид, 13 декември 2023 (МИА) - Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги може да го замени Ерик тен Хаг на местото тренер на Манчестер јунајтед, пренесува „Relevo“.

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ ја цени работата што Лопетеги ја направи во Вулверхемптон, неговото познавање на Премиер лигата и неговото искуство во Европа. Поради овие фактори, 57-годишниот Шпанец е главен кандидат за функцијата тренер на Манчестер јунајтед доколку Тен Хаг поднесе оставка.

Манчестер јунајтед групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на последното место на табелата. Дополнително, „црвените ѓаволи“ поставија клупски анти-рекорд по бодови на турнирот. 

Тимот е на шестото место во англиското првенство со 27 бода од 16 натпревари.

Претходно беше објавено дека Лопетеги би можел да го предводи Нотингем, кој се наоѓа на 16. место во табелата во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан