• среда, 13 ноември 2024

Лончар: Да и се дозволи на Брзата помош да ја работи својата работа

Лончар: Да и се дозволи на Брзата помош да ја работи својата работа
Белград, 7 јули 2020 (МИА) – Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание. Тој побара итна реакција од надлежните државни органи со цел да им се овозможи на сите здравствени работници непречено да ја извршуваат својата работа. - Барам итна реакција од сите надлежни државни органи да ги санкционираат сите оние кои неовластено ги кршат основните човекови права и само од причини што ним им се познати, не дозволуваат Брза помош да превезува пациенти низ улиците на Белград, истакна Лончар во писмена изјава. јт/

Остани поврзан