• сабота, 23 ноември 2024

Локалните власти во Холандија веруваат дека има двојно повеќе бегалци од официјалните бројки

Локалните власти во Холандија веруваат дека има двојно повеќе бегалци од официјалните бројки

Хаг, 28 јуни 2024 (МИА) - Властите во бројни холандски провинции и општини веруваат дека во Холандија има двојно повеќе мигранти отколку што е забележано од официјалната државна статистика и предупредуваат на висок ризик од експлоатација.

Многу претставници на локалните власти во Холандија веруваат дека официјалната статистика опфаќа само околу половина од реалниот број на работници мигранти кои дошле во Холандија од други европски земји, пишува порталот „НЛ Тајмс“.

Локалните и покраинските лидери сакаат новата влада да создаде реален долгорочен план за решавање на овој проблем и да се откаже од нејасните изборни ветувања и неумерената реторика на десничарските партии, што ги доведе до победа на изборите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан