• четврток, 26 декември 2024

Локализран пожарот кај „Треска“

Локализран пожарот кај „Треска“
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Пожарот кај поранешната фабрика „Треска“ е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на пожарот. Противпожарната бригада, како што соопшти Општина Центар, го гаснеше пожарот со десет возила, а Општинскиот кризен штаб, заедно со градоначалникот Герасимовски и со екипите на Црвениот крст им даваа поддршка на пожарникарите. - Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени, изјави Герасимовски. Жителите и вработените во околните продавници, додаваат, беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици. мс/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=-UKJz3OiQQ8

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан