Локализиран шумскиот пожар меѓу Селемли и Стојаково
- РЦУК - Струмица соопшти дека е локализиран и ставен под контрола шумскиот пожар што почна вчера меѓу селата Селемли и Стојаково, каде гореше мешана шума. Во моментов нема активно горење.
![Локализиран шумскиот пожар меѓу Селемли и Стојаково](https://new.mia.mk/index.php/images/20230904104432_big_730x400_97.webp )
Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи - Струмица соопшти дека е локализиран и ставен под контрола шумскиот пожар што почна вчера меѓу селата Селемли и Стојаково, каде гореше мешана шума. Во моментов нема активно горење.
На терен се седум вработени од ЈП НШ ПШС Кожув и вршат контрола на истиот. бт/аа/
Фото/ МИА Архива